100 ПОЛИЦАЈЦИ ЧУВААТ 4 ЗГРАДИ ВО ГЕРМАНИЈА ОТКАКО СЕ ПОЈАВИ ЕДЕН СЛУЧАЈ СО БРИТАНСКИОТ СОЈ НА КОВИД-19

    100 ПОЛИЦАЈЦИ ЧУВААТ 4 ЗГРАДИ ВО ГЕРМАНИЈА ОТКАКО СЕ ПОЈАВИ ЕДЕН СЛУЧАЈ СО БРИТАНСКИОТ СОЈ НА КОВИД-19Четири станбени објекти во градот Хам се ставени во карантин и се тестираат сите жители. (Фото: ДПА)

    Еден случај со новозаболен од британскиот сој на ковид-19 предизивика голема полициска акција во Хам, западна Германија, соопшти портпаролот на полицијата. Во градот со 180 илјади жители е распореден одред со 100 полицајци. Според градските власти, вработен на градежно земјиште имал позитивен тест на британскиот сој, кој се покажа дека побрзо се шири. Четири станбени објекти се ставени во карантин и се тестираат сите жители.

    Полицијата е таму за да обезбедува дали ќе се почитуваат мерките за карантин.

    Британскиот сој на ковид-19, попознат како Б117, е еден од трите соеви кои беа регистрирани од Германската агенција за заразни болести, Институтот „Роберт Кох“.

    Досега во 13 од вкупно 16 германски сојузни држави е регистриран Б117, а германската Влада неодамна ги зголеми ресурсите во лабораториите со цел да се добие појасна слика за ширењето на мутациите на ковид-19 во земјата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира