12 МРТВИ И 80 ВО БОЛНИЦА ПО ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД ВО БАРСЕЛОНА, ИСЛАМСКА ДРЖАВА ЈА ПРЕЗЕДЕ ОДГОВОРНОСТА

    12 МРТВИ И 80 ВО БОЛНИЦА ПО ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД ВО БАРСЕЛОНА, ИСЛАМСКА ДРЖАВА ЈА ПРЕЗЕДЕ ОДГОВОРНОСТАНападот зад себе остави крвави тела паднати на улиците, повредени со скршеници, луѓе растрчани во паника со деца во рацете...(Фото: АП)

    Исламската држава ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во Барселона.

    Бело комбе  возеше брзо во пешачка зона во Барселона на историската авенија Лас Рамблас вртејќи од една на друга страна на улицата газејќи пред себе туристи и жители. Последните податоци што ги објави полицијата се 12  мртви и 80 пренесени во болница. Од нив 15 се со животозагрозувачки повреди. Несреќата се води како терористички напад.

    Овој напад во главниот град на Каталонија е најтрагичен по терористичкиот напад на Ал-Каеда во март 2004 во кој беа убиени 192 луѓе во воз во Мадрид.

    Нападот зад себе остави крвави тела паднати на улиците, повредени со скршеници, луѓе растрчани во паника со деца во рацете, очевидци и вработени во итна помош кои стигнаа да им помогнат на повредените и полицајци со пиштоли кои бараат осомничени по улиците.

    (Фото: АП)

    Лас Рамблас е улица со улични тезги и продавници која поминува низ центарот во Барселона и е една од најпознатите дестинации во градот. Пешаците се движат во  средината, а колите возат настрана.

    Полицијата на твитер објави дека уапсила еден човек и дека го третираат како терорист. Објавија и дека немало осомничени во бар во Барселона демантирајќи ги првичните вести на локалните медиуми дека терористи држат гости во заложништво.

    (Фото: АП)

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира