13-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ПРВАТА ЖРТВА НА ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ПЕТРИЊА, 20 ПОВРЕДЕНИ СЕ В БОЛНИЦА

    13-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ПРВАТА ЖРТВА НА ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ПЕТРИЊА, 20 ПОВРЕДЕНИ СЕ В БОЛНИЦАУлиците во Петриња се полни со урнатини, се трага по жртви и преживеани. (Фото: Јутарњи лист)

    Засега единствената жртва на денешниот разорен земјотрес од 6,2 степена во Петриња, Хрватска е 13-годишно девојче, родено 2007, потврди полицијата. Потрагата по евентуални други жртви е во тек, а уште траат и проценките на материјалната штета како и на бројот на повредени. Според првите извештаи, во болницата во соседниот град Сисак пренесени се 20 повредени.

    По главниот потрес околу 12.20 часот, во следните десетина минути во Петриња имаше уште 4 помали потреси.

    Според снимките од теренот, улиците во Петриња, гратче на 45 километри југоисточно од Загреб каде е фабриката за сувомеснати производи „Гавриловиќ“ и едно од најсиромашните во Хрватска, се полни со урнатини, оштетен е голем број објекти.

    Европско-Медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) процени дека разорниот потрес во Петриња од 6,2 степена по Рихтер го почувствувале околу 6 милиони луѓе. Потресот се почувствува во БиХ, Чешка, Германија, Унгарија, Италија, Црна Гора, Романија, Словачка, Србија и Австрија.

    Нуклеарната електрана Кршко автоматски прекина со работа по потресот и се наоѓа во безбеден прекин, соопшти електраната.

    Поради оштетувањата на електроенергетската мрежа, без струја Петриња и Велика Горица, како и делови од Загреб и Сисак.

    Од земјотресот дополнително е оштетена и зградата на хрватското Собрание во Загреб, која имаше штета во мартовскиот земјотрес во главниот град. Во Загреб деенска се оштетени и други објекти.

    Земјотресот со епицентар во Петриња ги исплаши и пратениците во Собранието на Словенија во Љубљана, а дел од нив веднаш избегаа од седницата.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира