14-ГОДИШНИК УБИЕН ВО НАПАД СО НОЖ ВО АВСТРИСКИОТ ГРАД ФИЛАХ

    14-ГОДИШНИК УБИЕН ВО НАПАД СО НОЖ ВО АВСТРИСКИОТ ГРАД ФИЛАХНапаѓачот е идентификуван како 23-годишен барател на азил од Сирија

    Тинејџер е убиен, а уште четири лица се повредени во напад со нож во австрискиот град Филах близу границата со Италија и Словенија.

    Жртвата има 14 години, а напаѓачот, кој е приведен, е идентификуван како 23-годишен барател на азил од Сирија.

    Маж нападна минувачи со нож на централниот плоштад. Еден доставувач спречи поголема трагедија откако со своето возило удри во напаѓачот“, изјави портпаролот на полицијата Рајнер Дионизио.

    Полицијата не ја исклучи можноста дека има и втор напаѓач. Мотивот не е познат, но истрагата ја презеде полицискиот оддел задолжен за екстремизам.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира