14 ХОКЕАРИ ОД ЈУНИОРСКИ ТИМ ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА ВО КАНАДА

    14 ХОКЕАРИ ОД ЈУНИОРСКИ ТИМ ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА ВО КАНАДАХокеарите на Хамболт Бронкос фотографирани по победа во плејоф на 24 март. (Фото: Твитер)

    Полицијата во Канада потврди дека 14 луѓе загинаа откако се судрија камион и автобус со јуниорски хокеарски тим. Хамболт Бронкос патуваа по автопатот 35 во провинцијата Саскачеван кога се случи несреќата во петок во 17 часот по локално време.

    Полицијата кажа дека во автобусот имало 28 лица, од кои 14 загинале. Останатите 14-мина се однесени во болница, а тројца се во критични состојба. Според тимската листа, хокеарите се на возраст меѓу 16 и 21 година.

    Канадскиот премиер Џастин Трудо напиша Твитер: „Не можам да замислам низ што поминуваат родителите“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира