15 ДЕЦА ЗАГИНАА, ПО 27 СЕ ТРАГА ПО ПОПЛАВИТЕ ВО ТЕКСАС КОИ УНИШТИЈА ЖЕНСКИ ДЕТСКИ КАМП

    15 ДЕЦА ЗАГИНАА, ПО 27 СЕ ТРАГА ПО ПОПЛАВИТЕ ВО ТЕКСАС КОИ УНИШТИЈА ЖЕНСКИ ДЕТСКИ КАМПНивото на реката Гвадалуп пораснало за осум метри за само 45 минути (Фото: АП)

    Стотици спасувачи продолжуваат со потрагата по луѓе кои исчезнаа по ненадејна поплава во централен Тексас. Бројот на загинати порасна на 51, од кои 15 деца.

    Најтешко погодената област е округот Кер, каде што загинале 43 луѓе, а 27 девојчиња и натаму се водат како исчезнати. Тие посетувале христијански женски детски камп сместен покрај реката Гвадалуп, чиј водостој нагло пораснал поради силното невреме и поројните дождови.

    Работата продолжува и ќе продолжи додека не ги пронајдеме сите“, изјави шерифот на округот Кер, Лари Лејта.

    Властите засега не знаат колкава е вкупната бројка исчезнати, покрај децата од кампот. Се трага и по одреден број луѓе кои кампувале покрај реката на Денот на независноста. Метеоролозите предупредија дека викендов би можело да има нови поплави во централен Тексас, зашто се најавуваа уште врнежи.

    Најголемиот дел од спасувачките напори е фокусиран на женскиот летен камп „Мистик“, што го посетувале околу 850 деца. Заменик-гувернерот на Тексас, Ден Патрик, изјави дека повеќето од исчезнатите девојчиња се помлади од 12 години. Многумина спиеле кога нивото на реката пораснало за осум метри за само 45 минути и снимки од кампот покажуваат дека тој е целосно растурен.

    Потврдено е дека меѓу загинатите има деца од осум, 11 и 13 години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира