Петнаесет луѓе загинаа, а 27 се повредени кога автобус излета од автопат во близина на Софија и се преврте.
Полицијата соопшти дека автобусот превезувал туристи кои биле во посета на манастир, при што некои од повредените се во критична состојба.
„Несреќата се случи околу 17 часот, на 15 километри северно од Софија. Најмалку 15 амбулантни возила од три града дојдоа на местото на несреќата“, изјави бугарскиот министер за внатрешни работи.
Првичните информации кажуваат дека возачот изгубил контрола врз автобусот на влажниот асфалт, при што удрил во две возила, пред да се преврти. Не е познато колку луѓе имало во автобусот и од која националност се.
Поради трагедијата, Бугарија прогласи ден на жалост в понеделник.