17 МИЛИОНИ БЕБИЊА ВО РИЗИК ОД ОШТЕТУВАЊЕ НА МОЗОКОТ, ДИШАТ ВОЗДУХ ЗАГАДЕН 6 ПАТИ ПОВЕЌЕ ОД ДОЗВОЛЕНОТО, КАЖА УНИЦЕФ

    17 МИЛИОНИ БЕБИЊА ВО РИЗИК ОД ОШТЕТУВАЊЕ НА МОЗОКОТ, ДИШАТ ВОЗДУХ ЗАГАДЕН 6 ПАТИ ПОВЕЌЕ ОД ДОЗВОЛЕНОТО, КАЖА УНИЦЕФ„Ниедно дете не треба да дише опасно загаден воздух и ниедно општество не може да си дозволи да го игнорира аерозагадувањето“, рече Ентони Лејк, извршен директор на УНИЦЕФ (Фото:СДК.МК)

    Речиси 17 милиони бебиња во светот дишат отровен воздух, а тоа може да го оштети развојот на нивните мозоци, стои во извештајот на УНИЦЕФ, кој е објавен денес. Глобално има 136 милиони деца на возраст под една година, а тоа значи дека едно од осум бебиња е изложено на отровен воздух, вели фондот за деца на Обединетите нации.

    Сателитските податоци, анализирани од УНИЦЕф покажуваат дека 12,2 милиони од овие деца живеат во Јужна Азија. Источна Азија и регионот околу Пацификот се дом за 4,3 милиони бебиња кои живеат во области, каде загадувањето на воздухот е најмалку шест пати поголемо од меѓународните гранични вредности.

    „Не само што загадувачките материи ги оштетуваат белите дробови кај бебињата, тие трајно ги оштетуваат и нивните мозоци, кои се во развој“, вели Ентони Лејк, извршен директор на УНИЦЕФ.
    Лејк ги повика земјите во кои се надминати меѓународните лимити да ги зголемат напорите за да се намали аерозагадувањето.

    Извештајот на УНИЦЕФ забележува дека загадувањето на воздухот со ситени честички може да го оштети мозочното ткиво и да го успори когнитивниот развој, што може да има траен ефект на нивниот развој.

    Извештајот препорачува родителите да преземат мерки за да ја намалат изложеноста на децата на штетни хемикалии, вклучувајќи и изложеност на чад од цигари.

    Тој исто така препорачува јавните власти да инвестираат во почисти, обновливи извори на енергија, и да овозможат децата да патуваат во време од денот кога загадувањето е пониско, и да обезбедат големи извори на загадување да не се блиску до училишта, клиники и болници.

    „Ниедно дете не треба да дише опасно загаден воздух и ниедно општество не може да си дозволи да го игнорира аерозагадувањето“, рече Лејк.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира