17 ПОЧИНАТИ ОД НЕЧИСТ КОКАИН ВО АРГЕНТИНА

    17 ПОЧИНАТИ ОД НЕЧИСТ КОКАИН ВО АРГЕНТИНАВласта ги повика сите кои купиле кокаин во изминатите 24 часа да го фрлат. (Фото: Гети)

    Нечист кокаин уби најмалку 17 луѓе, а над 50 се во болниците во регионот Буенос Аирес во Аргентина, соопштија властите. Се очекува бројот на жртви да се зголеми. Инспекторите веруваат дека нелегалната дрога била или помешана со некој вид отров или „пресечена“ со друга супстанца. Регионалниот министер за безбедност ги повика сите корисници кои купиле кокаин во изминатите 24 часа да го фрлат.

    Извештаите укажуваат на тоа дека дрогата била купена во истиот кварт, а девет се уапсени. Инспекторите ги чекаат резултатите од посмртните испитувања за да ја споредат дрогата запленета во рациите со онаа што ги користеле жртвите.

    Кокаинот (хидрохлорид) е стимуланс со голема зависност, екстракт од листовите на растението кока, и генерално се шмрка. Во извештајот за 2019 за потрошувачката на дрога во Америка, Аргентина е наведена како земја со трета највисока стапка на потрошувачка на кокаин по лице, по САД и Уругвај.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира