176 ЗАГИНАТИ ВО НЕСРЕЌА НА УКРАИНСКИ ПАТНИЧКИ АВИОН ВО ИРАН

    176 ЗАГИНАТИ ВО НЕСРЕЌА НА УКРАИНСКИ ПАТНИЧКИ АВИОН ВО ИРАНАвионот се урнал набрзо по полетувањето. (Фото: Иранскиот Црвен крст)

    Сите 176 патници и членови на екипажот загинаа во авионска несреќа во близина на главниот ирански аеродроом кај Техеран, потврдија иранските власти.

    Авионот е од типот Боинг 737-800 на украинската национална авиокомпанија. Летал на линија Техеран – Киев. Се урнал неколку минути по полетувањето. Според изјавата на портпаролот на иранското Министерство за транспорт Касем Бињаз, што ја објави државната новинска агенција ИРНА, еден од моторите бил зафатен со пламен, по што пилотите изгубиле контрола над авионот.

    Во авионот имало 167 патници од различни земји, главнината Иранци, и деветчлен екипаж.

    Според податоците од специјализираниот авионски сајт флајтрадар24, авионот бил стар околу 3 години.

    Засега нема коментар ниту од седиштето на украинската компанија во Киев, ниту од производителот на авионот „Боинг“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира