18-ГОДИШНИКОТ КОЈ УБИ 19 ДЕЦА ВО ТЕКСАС ЛЕГАЛНО КУПИЛ ДВЕ ПУШКИ И 375 КУРШУМИ НЕКОЛКУ ДЕНА ПРЕД НАПАДОТ

    18-ГОДИШНИКОТ КОЈ УБИ 19 ДЕЦА ВО ТЕКСАС ЛЕГАЛНО КУПИЛ ДВЕ ПУШКИ И 375 КУРШУМИ НЕКОЛКУ ДЕНА ПРЕД НАПАДОТПолицијата и истражителите и натаму не го знаат мотивот на нападот (Фото: АП)

    Салвадор Рамос, 18-годишниот средношколец кој уби 19 деца и две наставнички во основно училиште во Тексас, легално купил две полуавтоматски пушки и 375 куршуми во рок од три дена, неколку дена пред да го изврши нападот во Увалде. Полицијата и истражителите и натаму не го знаат мотивот на нападот, во кој настрадаа деца на возраст од седум до десет години, како и две наставнички со долг стаж во училиштето.

    Пред да тргне во својот поход, Рамос ја застрелал баба му, кај која се преселил два месеца порано, откако се скарал со мајка му, која имала проблеми со дрога.

    Тој беше тивко момче и колку што можев да забележам, мајка му никогаш не покажувала љубов кон него. Имаше тежок живот. Кога наполни 14-15 години, престана да доаѓа кај нас дома и неговото однесување се промени. Беше тешко да се разговара со него, на моменти се чувствуваше многу фрустрирано“, изјави Рубен Флорес, со кого Рамос бил сосед 17 години.

    Властите велат дека Рамос на некој начин го најавил нападот на социјалните мрежи, каде што прво објавил фотографија од пушките што ги купил набргу по 18. роденден.

    Сите жртви се наоѓале во училница од четврто одделение, каде што Рамос се забарикадирал.

    Тој ја заклучил вратата и почнал да пука во децата и наставниците кои биле внатре. Тоа само покажува колку бил зол“, изјави Кристофер Оливарес од Одделот за јавна безбедност на Тексас.

    Рамос бил убиен од полицијата во истата училница.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира