18 ЗАГИНАТИ, 57 РАНЕТИ ВО БОМБАШКИ НАПАД ВО ЕДУКАТИВЕН ЦЕНТАР ВО КАБУЛ

    18 ЗАГИНАТИ, 57 РАНЕТИ ВО БОМБАШКИ НАПАД ВО ЕДУКАТИВЕН ЦЕНТАР ВО КАБУЛВластите соопштија дека голема е бројката на хоспитализирани лица и стравуваат дека ќе расте бројката на загинати. (Фото: Ројтерс)

    Најмалку 18 лица загинаа, а 57 се ранети во самоубиствен бомбашки напад надвор од едукативен центар во главниот град на Авганистан, Кабул. Министерот за внатрешни работи Тарик Араин кажа дека експлозијата се случила доцна попладнево, на приватен имот, каде се одржуваат курсеви за студенти од повисокото образование. Вообичаено во тој дел има стотици студенти.

    „Напаѓачот сакал да влезе внатре, но бил спречен од обезбедувањето, по што ја детонирал бомбата во дворот“, изјави тој.

    Сѐ уште не е познато кој стои зад нападот, бидејќи Талибанците ја негираа одговорноста. Властите соопштија дека голема е бројката на хоспитализирани лица и стравуваат дека ќе расте бројката на загинати.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира