180.000 ПЧЕЛИ ШТО СЕ ЧУВААТ ВО НОТР ДАМ ГО ПРЕЖИВЕАЛЕ ПОЖАРОТ

    180.000 ПЧЕЛИ ШТО СЕ ЧУВААТ ВО НОТР ДАМ ГО ПРЕЖИВЕАЛЕ ПОЖАРОТУште се испитува што го предизвикало пожарот, но се верува дека е во прашање електрична инсталација (Фото: АП)

    Околу 180.000 пчели кои се чуваа во кошници во катедралата Нотр Дам се пронајдени живи, откако се веруваше дека настрадале во неодамнешниот пожар.

    „Многу ми олесна. Од сателитски снимки видов дека трите кошници не изгореле. Мислев дека изгореле заедно со катедралата“, изјави локалниот пчелар Никола Жант.

    Огнот и водата не допреле до внатрешните ѕидови (Фото: АП)

    Тој ги чува пчелите од 2013 година, кога кошниците беа поставени на оловната конструкција на покривот, како дел од градската иницијатива да се зголеми нивната популација.

    „Пчелите немаат бели дробови и место да ги убие, јаглерод диоксидот од чадот ги става во состојба на омаменост. Кога пчелите ќе почувствуваат оган, тие се залепуваат на медот и ја штитат својата кралица. Европските пчели никогаш не ги напуштаат своите кошници“, појасни Жант.

    Истовремено, Министерството за култура на Франција објави дека уметничките дела од Нотр Дам немаат претрпено значителна штета во пожарот и голем дел од нив на време биле изнесени.

    „Ни огнот, ни чадот, ни водата од гаснењето немаат допрено до внатрешните ѕидови. Пожарот главно бил сконцентриран на покривот“, изјавија од Министерството.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира