26 ЧЛЕНКИ НА ЕУ СЕ СОГЛАСИЈА ДЕКА УКРАИНА МОРА ДА ИМА СЛОБОДА ВО ОДЛУЧУВАЊЕТО ЗА СВОЈАТА ИДНИНА, САМО УНГАРИЈА НЕ ГО ПОДДРЖА ОВА

    26 ЧЛЕНКИ НА ЕУ СЕ СОГЛАСИЈА ДЕКА УКРАИНА МОРА ДА ИМА СЛОБОДА ВО ОДЛУЧУВАЊЕТО ЗА СВОЈАТА ИДНИНА, САМО УНГАРИЈА НЕ ГО ПОДДРЖА ОВАЕвропа се обидува да изврши некакво влијание врз претстојната средба Трамп-Путин на Алјаска, на која нема добиено покана за учество (Фото: Кремљ)

    Дваесет и шест членки на Европската Унија се согласија дека Украинците мора да имаат слобода во одлучувањето за нивната иднина и дека секое дипломатско решение треба да ги заштити украинските и европските интереси.

    Сериозни преговори можат да се одржат само во контекст на прекин на огнот или намалување на непријателствата. Го делиме убедувањето дека дипломатското решение мора да ги заштити виталните безбедносни интереси на Украина и Европа“, стои во заедничката изјава на европските лидери, која не беше потпишана само од Унгарија.

    Европа се обидува да изврши некакво влијание врз претстојната средба Доналд Трамп-Владимир Путин на Алјаска, на која нема добиено покана за учество. Нејасно е дали и Украина ќе учествува.

    Трамп вчера кажа дека Русија и Украина ќе мора да отстапат територија за да се заврши војната и дека средбата со Путин в петок ќе покаже дали тој е спремен да склучи договор. Европејците и Украина стравуваат дека Путин би можел да обезбеди поволни отстапки и да ги постави контурите на мировниот договор без нив.

    Ги поздравуваме напорите на претседателот Трамп за ставање крај на руската агресија против Украина. Но, патот кон мирот во Украина не може да се одлучи без Украина. Праведен и траен мир што носи стабилност и безбедност мора да го почитува меѓународното право, вклучувајќи ги принципите на независност, суверенитет, територијален интегритет и дека меѓународните граници не смеат да се менуваат со сила“, рекоа европските лидери.

    Володимир Зеленски ја отфрли идејата дека Украина мора да се обврзе да се откаже од територија за да се обезбеди прекин на огнот. Трамп вчера го критикуваше Зеленски, велејќи дека е на власт во текот на целата војна и ништо не се случило во тој период.

    Во првите две минути од разговорот со Путин ќе знам дали е можен прогрес. Јасно ќе му кажам дека мора да ја заврши оваа војна. Можеби ќе си заминам и ќе му кажам со ‘се среќа, ова нема да се реши‘ и тоа ќе биде крај“, рече Трамп, додавајќи дека ќе се обиде да ѝ врати нешто територија на Украина.

    Тој кажа дека веднаш по средбата со Путин ќе разговара со европските лидери.

    Зеленски предупреди дека никакви отстапки кон Русија нема да ја убедат да престане со борбите и дека е потребен поголем притисок врз Кремљ. Тој рече дека Русија подготвува војници за нови офанзиви и ги повика земјите да продолжат со санкциите сè додека Украина не добие безбедносни гаранции.

    „Русија одбива да запре со убивањето и затоа не смее да добива никакви награди или бенефиции. Отстапки не го убедуваат убиецот“, напиша Зеленски на Икс.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира