50.000 ЛУЃЕ МАРШИРАА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО НА НАЈГОЛЕМИОТ ПРОТЕСТ ВО СРБИЈА ОД ПАДОТ НА МИЛОШЕВИЌ

    50.000 ЛУЃЕ МАРШИРАА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО НА НАЈГОЛЕМИОТ ПРОТЕСТ ВО СРБИЈА ОД ПАДОТ НА МИЛОШЕВИЌИ вчерашниот протест помина во знакот на мирниот револт против Вучиќ (Фото: АП)

    Околу 50.000 граѓани учествувале на вчерашниот протест против насилството во Белград, проценуваат српските и странските медиуми, а „Њујорк тајмс“ го опиша како најголем од демонстрациите кои доведоа до соборувањето на Слободан Милошевиќ во 2000.

    Протестите „Србија против насилството“, кои се одржуваат еднаш неделно, добиваат замав откако во масакрите во Белград и кај Младеновац пред еден месец беа убиени вкупно 18 луѓе.

    Тие убиства предизвикаа бран на граѓански бунт, што критичарите на лидерот Александар Вучиќ го нарекоа протест против културата на насилството што ја промовираат власта и медиумите лојални на неа. Петтиот и досега најголем протест го засили притисокот врз Вучиќ да исполни барем некои од барањата на демонстрантите“, пишува „Њујорк тајмс“.

    На протестите се бара оставка од високи функционери и одземање на лиценците на некои национални телевизии.

    Бројни јавни личности, вклучувајќи актери, се придружија на протестите, поради што во изминатиот период се најдоа на жесток удар на власта и провладините медиуми.

    Иако и вчерашниот протест помина во знакот на мирниот револт против Вучиќ, медиумите го забележаа присуството на десничарски групи инфилтрирани меѓу демонстрантите со цел да ја промовираат својата ултранационалистичка агенда.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира