56 ПОЧИНАТИ И 324 ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА ОД КОРОНАВИРУСОТ, ПОТВРДИ КИНА

    56 ПОЧИНАТИ И 324 ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА ОД КОРОНАВИРУСОТ, ПОТВРДИ КИНААвтобуси нема да смеат да влегуваат и излегуваат од престолнината Пекинг, a сите групни патувања, исто така, се суспендирани на неодредено. (Фото: СОПА)

    56 луѓе починале од коронавирусот од 1,975 случаи, објавија државните кинески медиуми, повикувајќи се на Националната здравствена комисија, додека заразата со болеста со симптоми како пневмонија продолжува да се шири. Според државната кинеска агенција, бројот на случаи вклучува и 324 луѓе во критична состојба.

    Најголем дел од починатите досега од коронавирусот се пациенти во доцните 50-ти постари, меѓу нив и доктор кој лекувал пациенти со вирусот. Кинескиот претседател Ши Џинпинг вчера кажа дека Кина продолжува да се соочува со тешка ситуација додека владата се обидува да го спречи ширењето на заразата со серија мерки за ограничување на движењето на граѓаните.

    Од денеска, патниот сообраќај во Вухан, епицентарот на заразата во централна Кина, ќе биде ограничен. Автобуси нема да смеат да влегуваат и излегуваат од престолнината Пекинг. Сите групни патувања, исто така, се суспендирани на неодредено за да се спречат луѓето да патуваат.

    Случаи се пријавени и во Јапонија, Јужна Кореја, Тајван, Тајланд, Виетнам, Саудиска Арабија, Сингапур, САД, Франција и Австралија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира