600 КВАДРАТНИ КИЛОМЕТРИ ОД ХЕРСОН СЕ ПОПЛАВЕНИ ПО УНИШТУВАЊЕТО НА БРАНАТА, СЕ ОЧЕКУВА ВОДАТА ОД УТРЕ ДА СЕ ПОВЛЕКУВА

    600 КВАДРАТНИ КИЛОМЕТРИ ОД ХЕРСОН СЕ ПОПЛАВЕНИ ПО УНИШТУВАЊЕТО НА БРАНАТА, СЕ ОЧЕКУВА ВОДАТА ОД УТРЕ ДА СЕ ПОВЛЕКУВАВо Херсон се поплавени илјадници домови (Фото: АП)

    Околу 600 квадратни километри се под вода како резултат на уништувањето на браната Каховка во јужниот украински регион Херсон, а локалните медиуми соопштија и за првите три смртни случаи во поплавите. Шефот на воената управа на Херсон, Олександр Прокудин, кажа дека 68% од поплавените подрачја се наоѓаат на источниот брег на Днепар, кој е под контрола на руските сили.

    Просечното ниво на водата ова утро беше 5,61 метар. Досега се евакуирани речиси 2.000 луѓе од опасната зона“, кажа Прокудин.

    Властите во окупираниот дел на Херсон соопштија дека се поплавени 14.000 домови, а речиси 4.300 жители се евакуирани.

    Очекуваме водата да остане и да се собира уште еден ден, а потоа постепено да се повлекува во следните пет дена“, кажа Прокудин.

    Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за уништувањето на браната од 1956 година, додека некои експерти сметаат дека таа можеби сама попуштила како резултат на стари оштетувања и досегашни воени активности.

    Покрај загадувањето на Днепар со нафта и други супстанци од хидроцентралата, се стравува дека поплавите имаат разместено и огромен број нагазни мини.

    Локалните власти и итните служби потрошиле месеци и месеци на мапирањето на минските полиња, а мините сега се растурени низводно и во населени места и со тоа претставуваат голема опасност“, изјави Ерик Толефсен од одделот за контаминација со оружје на Црвениот крст.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира