670.000 ДЕМОНСТРАНТИ ВО ЛОНДОН ПОБАРАА ВТОР РЕФЕРЕНДУМ ЗА БРЕГЗИТ

    670.000 ДЕМОНСТРАНТИ ВО ЛОНДОН ПОБАРАА ВТОР РЕФЕРЕНДУМ ЗА БРЕГЗИТИлјадници граѓани маршираа низ Лондон во организација на „Гласот на народот“ (Фото: Би-Би-Си)

    Околу 670 илјади граѓани протестираа на Плоштадот пред Парламентот во Лондон, барајќи втор референдум за брегзит, во организација на „Гласот на народот“.

    Протестот се одржа во исто време со трката посветена на Брегзит, организирана од Најџел Фараџ.

    Пратениците од големите политички партии го поддржаа маршот, со повик за нов референдум.
    Но, таа опција одамна е отфрлена од премиерката Тереза Меј.

    На референдумот во јуни 2016 година, за излез на Британија од Европската унија гласаа 51, 89 отсто за, а 48, 11 против.  Британија треба да излезе од ЕУ на 29 март 2019 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира