Шпанија го имаше најсмртоносниот ден од појавата на коронавирусот откако во последните 24 часа починале 769 луѓе. Ова е значителен пораст во однос на вчера, кога имаше 655 мртви.
Вкупната бројка починати од КОВИД-19 во земјата се искачи на 4.858 и само во Италија има повеќе.
Во Шпанија има и 7.871 новозаразен, со што вкупната бројка стигна до 64.059. Досега се излекувани речиси 10.000 луѓе.