812 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ВО ИТАЛИЈА, ГОЛЕМ ПАД НА БРОЈОТ НА НОВОЗАРАЗЕНИ

    812 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ВО ИТАЛИЈА, ГОЛЕМ ПАД НА БРОЈОТ НА НОВОЗАРАЗЕНИИталија ја надмина бројката од 100.000 заразени досега (Фото: Анса)

    По два дена опаѓање, Италија повторно забележа еднодневен пораст на бројот на мртви од КОВИД-19, откако во последните 24 часа починале 812 пациенти, 56 повеќе во споредба со вчера.

    Со тоа вкупната бројка починати се зголеми на 11.591.

    Од друга страна, значително е намален бројот на новозаразени, а зголемен бројот на излекувани.

    Шефот на Цивилната заштита Анџело Борели извести дека уште 1.590 лица се излекувани од КОВИД-19, а вкупно 14.620 досега.

    Во земјата се регистрирани и 4.050 нови случаи, дури 1.200 помалку во однос на вчера. Ситуацијата и натаму е најтешка во северниот регион Ломбардија, каде што во еден ден има 458 починати и 1.154 новозаразени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира