Втор ден по ред Италија забележа пораст на бројот на мртви од КОВИД-19, откако во последните 24 часа починале 837 луѓе, 25 повеќе во споредба со вчера.
Италија сега е на бројката од 12.428 починати од КОВИД-19.
Бројката новозаразени продолжи да се намалува и за еден ден се регистрирани нови 4.023 случаи, од кои една четвртина се во северниот регион Ломбардија.
Од почетокот на кризата, во Италија има вкупно 105.792 заразени со коронавирусот и само САД имаат повеќе (речиси 175.000). Од нив, излекувани се 15.729 луѓе, од кои над 1.100 во последните 24 часа.
Италијанската влада вчера донесе одлука за продолжување на националниот карантин до Велигден на 12 април.