84 ОТСТО ОД НОВОЗАРАЗЕНИТЕ СО КОВИД-19 ВО ХОЛАНДИЈА СЕ НЕВАКЦИНИРАНИ, 10 ОТСТО СО ЕДНА ДОЗА

    84 ОТСТО ОД НОВОЗАРАЗЕНИТЕ СО КОВИД-19 ВО ХОЛАНДИЈА СЕ НЕВАКЦИНИРАНИ, 10 ОТСТО СО ЕДНА ДОЗАВо Холандија, вчера беа регистрирани 7.821 нов случај на коронавирус и тројца починати. - Вакцина на „Фајзер“ (Фото: СДК.МК)

    Околу 84 отсто од Холанѓаните кои биле позитивни на тестот за ковид-19 изминатата недела не биле вакцинирани, а 10 отсто имале примено само една доза, според податоците на Националниот институт за јавно здравје.

    Само 6 отсто од новите 42 илјади позитивни случаи во Холандија во изминатите седум дена биле целосно вакцинирани кога се тестирале.

    „Околу 18 милиони вакцини се досега дадени, но сè уште има многу луѓе кои не се вакцинирани воопшто или не се вакцинирани целосно. Вакцинацијата против коронавирусот заштитува од сериозна форма на болеста и осигурува дека болеста нема да се шири толку брзо. Но, дури и да се вакцинирани, постои шанса да се заразите и потоа да заразите други“, велат од холандскиот Национален институт за јавно здравје.

    Во Холандија, вчера беа регистрирани 7.821 нов случај на коронавирус и тројца починати.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира