Најмалку девет луѓе загинаа и над 50 се повредени, соопшти германската полиција, откако камион се втурна во божикен панаѓур во Берлин. Возилото, голема црна Сканија, влета во пазарот пред црквата „Кајзер Вилхелм“ вечерва, а возачот е уапсен. Локалните медиуми јавија дека сомнежите на полицијата се дека се работи за терористички напад.
Полицијата кажа дека камионот дошол од улицата „Будапештер“, се качил на тротоарот и застанал кај божикната елка пред црквата. Црквата, која беше бомбардирана во Втората светска војна, остана како споменик на жртвите од војната и е едно од најпопуларните туристички дестинации во Берлин.
Полицијата ја расчисти областа и волонтери воспоставија информативни центри за роднините кои си ги бараат блиските. Божикниот панаѓур е испразнет и полицијата соопшти дека е загрижена нападот да не предизвикал истекување на гас.