Светската здравствена организација објави дека повеќе од 95% од починатите од КОВИД-19 во Европа имале над 60 години. Сепак, оттаму предупредуваат дека болеста ги напаѓа сите возрасти.
„Општото мислење дека КОВИД-19 напаѓа само стари луѓе е погрешно. Младите не се непобедливи“, изјави шефот на СЗО за Европа, д-р Ханс Клуге.
Според СЗО, 10-15% од заразените на возраст под 50 години развиваат умерени или сериозни симптоми.
„Сериозни случаи на болеста се видени и кај луѓе во тинејџерски и 20-ти години, при што некои бараат интензивна нега, а има и смртни случаи“, вели Клуге.
Последните статистики кажуваат дека од КОВИД-19 починале 31.000 луѓе во Европа, од кои повеќето во Италија, Шпанија и Франција.
„Знаеме дека 95% од нив имале над 60 години, а половина од оваа бројка биле постари од 80 години. Четири петини од починатите имале барем една хронична состојба. Од друга страна, има примери и на 100-годишници кои заздравиле во болница од КОВИД-19“, вели Клуге.