Мадона отпеа неколку од нејзините најголеми хитови во понеделникот вечерта изненанадувајќи ги луѓето со концерт на отворено, како поддршка на демократскиот кандидат за претседател Хилари Клинтон.
Околу 300 луѓе кои се собраа на Вашингтон сквер, во срцето на Менхетн беа изненадени од појавата на мега популарната ѕвезда на улица. Тие заедно со Мадона испеаја неколку од нејзините најголеми хитови.
Ненајавениот концерт во предвечерието на денот на претседателските избори траеше триесетина минути.
„Утре ќе избереме претседател што нема да дискриминира“, рече таа и ги повика луѓето што се собраа на овој импровизиран концерт да излезат на гласање и да гласаат за Клинтон.