АФРИКА ИМА 1,3 МИЛИЈАРДИ ЖИТЕЛИ, А ПРИМИ САМО 2% ОД СИТЕ КОВИД ВАКЦИНИ ВО СВЕТОТ

    АФРИКА ИМА 1,3 МИЛИЈАРДИ ЖИТЕЛИ, А ПРИМИ САМО 2% ОД СИТЕ КОВИД ВАКЦИНИ ВО СВЕТОТАфрика досега има над 5 милиони потврдени случаи на ковид-19 и 135.000 починати. (Фото: АП)

    Африка е особено ранлива во пандемијата со ковид-19. На континентот живеат 1,3 милијарди луѓе, што е 18% од светската популација, но Африка прими само 2% од сите дози вакцини администрирани на глобално ниво. А некои африкански земји допрва треба да дадат прва доза.

    Здравствените експерти и светските лидери постојано предупредуваат дека дури и ако богатите земји го имунизираат целиот свој народ, пандемијата нема да биде поразена ако вирусот продолжи да се шири во земјите што немаат вакцини.

    „Во текот на целата пандемија велиме дека не сме безбедни ако не сме сите безбедни“, рече Џон Нкенгасонг, камерунски вирусолог, кој раководи со Центрите за контрола и превенција на болести во Африка. „Ние сме толку силни колку што е силна најслабата алка“.

    На почетокот на пандемијата, многу сиромашни земји со слаби здравствени системи се чинеше дека го избегнаа најлошото. Но, тоа се менува. Во Замбија, каде кампањата за вакцинација е во застој, властите велат дека во земјата веќе нема боци со кислород. Болните луѓе чии симптоми не се сериозни ги враќаат од болниците во главниот град Лусака.

    Од друга страна тестирањето е скапо, чини од 22 до 65 американски долари, и е недостапно за работничката класа, па луѓето не само што не можат да се тестираат туку не можат да си дозволат ни да земат слободни денови ако се болни.

    Африка забележа повеќе од 5 милиони потврдени случаи на ковид-19 и 135.000 починати. Тоа е мал дел од случаите во светот, но многумина стравуваат дека кризата може многу да се влоши.

    Скоро 90% од африканските земји нема да ја постигнат глобалната цел за вакцинирање на 10% од својот народ до септември, според Светската здравствена организација. Еден голем проблем е што Ковакс, проект поддржан од ОН за снабдување со вакцини на сиромашните делови на светот, се соочува со сериозен недостиг на вакцини.

    САД, Велика Британија и другата група на седум богати земји минатата недела се согласија во текот на следната година да споделат најмалку 1 милијарда дози вакцини со земјите кои страдаат, а испораките да започнат во август. Во меѓувреме, многу од сиромашните во светот чекаат и се грижат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира