АКО Е ВИСТИНА ДЕКА АЛЕКСЕЈ ПОЧИНАЛ, ПУТИН НЕ СМЕЕ ДА ПОМИНЕ НЕКАЗНЕТО, РЕЧЕ СОПРУГАТА НА НАВАЛНИ

    АКО Е ВИСТИНА ДЕКА АЛЕКСЕЈ ПОЧИНАЛ, ПУТИН НЕ СМЕЕ ДА ПОМИНЕ НЕКАЗНЕТО, РЕЧЕ СОПРУГАТА НА НАВАЛНИНавални беше најжестокиот критичар на Путин против кого се бореше две децении (Фото: АП)

    Јулија Навалнаја, сопругата на рускиот опозиционер Алексеј Навални, за кого денеска беше кажано дека починал во затвор, доби голем аплауз кога се појави на Минхенската безбедносна конференција, каде што се прошири веста за неговата смрт.

    Не знам дали да верувам во оваа ужасна вест или не. Веста за смртта на Алексеј дојде само од руските државни извори. Не можеме навистина да им веруваме на Путин и на неговата влада. Тие постојано лажат. Ако веста е точна, Путин и неговите соработници ќе сносат одговорност за тоа и за сето она што го прават во Русија. Барам од сите вас тука да се обедините и да помогнете да се казни овој руски режим“, изјави Навалнаја.

    Алексеј Навални (47), најжестокиот критичар на Путин против кого се бореше две децении, служеше 19-годишна казна во еден од најстрогите затвори во Русија откако во август беше осуден за екстремизам. Затворските служби денеска објавија дека на него му се слошило по прошетка и дека сите напори за негово оживување биле неуспешни.

    Јулија Навалнаја се обрати на Минхенската безбедносна конференција откако се дозна за смртта на нејзиниот сопруг (Фото: АП)

    Навални комуницираше со светот преку неговите адвокати кои му ги пренесуваа пораките на неговите соработници. Последен пат се огласи на социјалните мрежи пред два дена, кога ѝ изрази љубов на сопругата за Денот на вљубените, а тој изгледа добро расположен на снимката од вчерашното судско сослушување преку видеоврска.

    Навални постојано беше во затвор од јануари 2021, од денот кога се врати во Русија по неколкумесечното лекување во Германија, откако беше отруен со нервниот агенс новичок.

    Сите западни лидери денеска ги обвинија Путин и рускиот режим за смртта на Навални, за кого кажаа дека со живот ја платил својата храброст.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира