АКО ГО ЗАТВОРИМЕ НЕБОТО НАД УКРАИНА, ТОА ЌЕ ПРЕДИЗВИКА ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА, ВЕЛИ ЕУ

    АКО ГО ЗАТВОРИМЕ НЕБОТО НАД УКРАИНА, ТОА ЌЕ ПРЕДИЗВИКА ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА, ВЕЛИ ЕУТелата на цивили убиени во руско гранатирање лежат на улица во градот Ирпин (Фото: АП)

    Шефот на Европскиот совет, Шарл Мишел, изјави дека затворањето на воздушниот простор на Украина би можело да предизвика светска војна.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски постојано бара од НАТО да воведе зона на забрана за летање со цел да се запрат руските напади, но западните лидери го одбиваат тоа.

    „Распоредувањето на борбени авиони над Украина во сегашните околности би значело влегување на НАТО во војната, со што ризикуваме да почне трета светска војна“, изјави Мишел.

    Потврдувајќи дека руските сили целосно го уништиле цивилниот аеродром во Виниција, северозападно од Киев, Зеленски го повтори барањето за воведување зона на забрана за летање.

    „Ние сме луѓе и ваша хуманитарна должност е да нè заштитите. Можете да го направите тоа. Ако не го направите тоа, ако барем не ни дадете авиони за да се браниме сами, тогаш има само еден заклучок: и вие сакате бавно да нè убиваат“, кажа Зеленски во пораката до светските лидери.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира