АКО НЕ ПОСТИГНЕМЕ ДОГОВОР, ЌЕ ГО ВРАТИМЕ ИРАН ВО КАМЕНА ДОБА, КАДЕ ШТО И ПРИПАЃА, РЕЧЕ ТРАМП ВО ТВ-ОБРАЌАЊЕТО

    АКО НЕ ПОСТИГНЕМЕ ДОГОВОР, ЌЕ ГО ВРАТИМЕ ИРАН ВО КАМЕНА ДОБА, КАДЕ ШТО И ПРИПАЃА, РЕЧЕ ТРАМП ВО ТВ-ОБРАЌАЊЕТОТрамп не понуди јасен временски рок кога војната би можела да заврши (Фото: АП)

    Доналд Трамп кажа дека американската војска ги остварила речиси сите цели во Иран, но не понуди јасен временски рок кога војната би можела да заврши и се закани дека ќе ја врати земјата во камена доба. Неговото телевизиско обраќање до нацијата, кое траеше 19 минути, се очекуваше со голем интерес, но на крајот не кажа ништо ново и драматично.

    Соочен со пад на рејтингот и со притисок од некои сојузници да ги појасни своите воени цели на попрецизен и поконзистентен начин, Трамп рече дека САД ги уништиле морнарицата и воздухопловните сили на Иран и ги осакатиле неговите ракетни и нуклеарни програми. Сепак, тој не изложи конкретен план за намалување на конфликтот, туку само кажа дека САД ќе го завршат многу брзо.

    Ги држиме сите карти. Тие немаат ниедна“, рече тој во своето прво обраќање во ударен термин од почетокот на американско-израелските напади на 28 февруари.

    Тој занемари некои големи нерешени прашања, како што се статусот на збогатениот ураниум на Иран и минувањето низ Ормускиот Теснец, велејќи дека природно ќе се отвори штом ќе заврши војната. Не збореше ни за НАТО, иако вчера се закани дека би можел да ги повлече САД од западната воена алијанса.

    САД ќе го удираат Иран силно уште две или три недели. Во меѓувреме, разговорите продолжуваат, но доколку не сме задоволни од преговорите со новите лидери на земјата, САД ќе почнат да ги напаѓаат производството на електрична енергија и нафтената инфраструктура на Иран. Ќе го вратиме во камена доба каде што и припаѓа“, порача Трамп.

    Ден претходно, тој кажа дека САД би можеле да ја завршат војната со Иран и без постигнат договор, додека во исто време, дополнителни илјадници американски војници пристигнуваат на Блиски Исток.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира