АКО ОПОЗИЦИЈАТА ПОЧНЕ ШТРАЈК СО ГЛАД, НИЕ ЌЕ ШТРАЈКУВАМЕ ПОДОЛГО ОД НИВ, ВЕЛАТ ПРАТЕНИЦИТЕ ОД СРПСКАТА ВЛАСТ

    АКО ОПОЗИЦИЈАТА ПОЧНЕ ШТРАЈК СО ГЛАД, НИЕ ЌЕ ШТРАЈКУВАМЕ ПОДОЛГО ОД НИВ, ВЕЛАТ ПРАТЕНИЦИТЕ ОД СРПСКАТА ВЛАСТПратениците на владејачката Српска напредна странка на денешната прес-конференција во српското собрание. (Фото: Танјуг)

    Шефот на пратеничката група на српската владејачка партија СНС Александар Мартиновиќ кажа дека утринава имал консултации со претседателот Александар Вучиќ и донеле одлука да не почнат штрајк со глад поради протестите на опозицијата, како што најавија вчера. Сепак, Мартиновиќ рече дека ако опозицијата почне штрајк со глад, истиот момент и нивните пратеници ќе стапат во штрајк со глад и вети дека нивниот штрајк ќе трае подолго.

    „Утринава имав консултации со Александар Вучиќ и одлуката е да не стапиме во штрајк со глад. Ако Ѓиласовците се решат на таков потег, истиот момент и нашите пратеници ќе стапат во штрајк. Ви ветувам дека нашиот штрајк ќе трае подолго од оној на Обрадовиќ“, изјави Мартиновиќ, споменувајќи ги Драган Ѓилас и Бошко Обрадовиќ, лидерите на протестите, кои опозицијата ги одржува секој викенд во Белград.

    Вчера, министерот за одбрана Александар Вулин прв најави дека ќе штрајкува со глад поради, како што кажа, насилството на опозицијата, а потоа и Мартиновиќ рече дека пратениците ќе му се приклучат, за денеска да се премисли. И Вулин денеска имаше состанок со Вучиќ, но сѐ уште ја нема соопштено одлуката околу штрајкот со глад, кој требаше да го почне во 11.55 часот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира