Албанија го претстави првиот владин министер со вештачка интелигенција на светот, кој треба да ѝ помогне на земјата да се ослободи од корупција.
Дигиталниот асистент Диела, што значи Сонце, од јануари ги советува луѓето како да се снајдат со владините услуги преку интернет. Премиерот Еди Рама сега ја назначи за првиот дигитален министер во својата влада.
„Диела е првиот член на владата кој не е физички присутен, туку е виртуелно создаден со вештачка интелигенција“, кажа Рама.
Тој додаде дека на Диела ќе ѝ бидат доверени сите одлуки за јавните тендери, што ќе ги направи „100 проценти без корупција“.
„Секоја тендерска постапка ќе биде совршено транспарентна. Одлуката за тоа кој ќе ги добие јавните тендери ќе биде отстранета од владините министерства во процес ‘чекор по чекор‘. Вештачката интелигенција ќе обезбеди сите јавни трошоци во тендерскиот процес да бидат 100 проценти јасни“, изјави Рама.
Корупцијата е еден од најголемите пробкеми во Албанија, која има за цел да се приклучи на Европската Унија до 2030 година. Минатата година, земјата се најде на 80. место од 180 земји во индексот на корупција на организацијата Транспаренси интернешнал.
Од своето лансирање, Диела е прикажана како жена облечена во традиционална албанска облека. Не е јасно дали ќе ја задржи својата сегашна форма.