АЛБАНИЈА ВОВЕДЕ ДВОНЕДЕЛЕН КАРАНТИН ЗА ПАТНИЦИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА И ГРЦИЈА

    АЛБАНИЈА ВОВЕДЕ ДВОНЕДЕЛЕН КАРАНТИН ЗА ПАТНИЦИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА И ГРЦИЈААлбанија ја оправда мерката со тоа што бројот на ковид позитивни во двете земји повторно бил во пораст (Фото: СДК.МК)

    Албанија воведува задолжителен двонеделен карантин за сите кои влегуваат во земјата од Македонија и Грција, што некои опозициски политичари го опишаа како изборен трик. Мерката ја предложи Комитетот на експерти кој ја води националната политика за борба против ковид-19 и заменик министерката за здравство Мира Ракацоли изјави дека одлуката стапува на сила утре.

    „Бројот на ковид позитивни и починати во Македонија и Грција повторно е во пораст. Почнувајќи од утре, сите кои влегуваат во земјата од Грција и Македонија ќе мора да одат во 14-дневен карантин“, изјави Рапацоли.

    Опозициските политичари сметаат дека на овој начин некои луѓе се спречуваат да гласаат на парламентарните избори в недела.

    Албанија имаше доста релаксиран пристап кон пандемијата во изминатите месеци, и покрај новиот бран на заразени и починати од ковид-19. Освен забраната за летови од Велика Британија, границите главно беа отворени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира