АЛБАНЦИТЕ ГИ БЛОКИРАА ПАТИШТАТА ДО СРПСКИТЕ СЕЛА НА КОСОВО, ОТКАЖАНА ПОСЕТАТА НА ВУЧИЌ

    АЛБАНЦИТЕ ГИ БЛОКИРАА ПАТИШТАТА ДО СРПСКИТЕ СЕЛА НА КОСОВО, ОТКАЖАНА ПОСЕТАТА НА ВУЧИЌСрпскиот претседател Александар Вучиќ ја посети браната Газиводе близу истоименото село во Косово (Фото: АП)

    Косовските Албанци ги блокираа патиштата и палеа гуми на патотот по кој требаше да помине српскиот претседател Александар Вучиќ, кој во дводневната посета требаше денеска да оди во српските села во централно Косово. Но патиштата до нив се блокирани со трупци, камиони и тешка машинерија. Подоцна, полицијата го сопре Вучиќ и конвојот на патот за Дреница и не им дозволи да продолжат безбедносни причини.

    Косовскиот премиер Рамуш Харадинај објави на својата фејсбук страна дека ја „откажал дозволата издадена од Министерството за надворешни работи за посетата на Дреница на српскиот претседател“.

    „Безбедноста на граѓаните е пре сè“, напиша Харадинај.

    Српските медиуми објавија дека се слушале и пукотници, но тие извештаи не можеа да бидат потврдени од независен извор. Вучиќ не беше нападнат.

    „Никогаш не сум бил фасциниран од нечија омраза. Но кога некој е толку зол, и покажува симболи за кои мисли дека нè навредуваат, е па многу греши“, рече поранешниот ултранационалист Вучиќ. „Сега сум уште порешителен да го зачувам мирот, но и српските институции и српскиот народ“, рече тој.

    Српскиот министер за внатрешни работи за блокадите ја обвини поранешната УЧК, војниците кои се бореа со српската војска за време на војната за независнот во 1998-99.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира