„АЛИТАЛИЈА“ ЗГАСНУВА ПО 74 ГОДИНИ, ПОСЛЕДНИОТ АВИОН СЛЕТУВА ВЕЧЕРВА ВО РИМ

    „АЛИТАЛИЈА“ ЗГАСНУВА ПО 74 ГОДИНИ, ПОСЛЕДНИОТ АВИОН СЛЕТУВА ВЕЧЕРВА ВО РИМ„Алиталија“ со години се мачеше со финансиски проблеми

    Важно поглавје од историјата на италијанската авијација ќе се затвори вечерва кога во Рим ќе слета последниот авион на авиопревозникот „Алиталија“, кој долго време е оптоварен со финансиски проблеми.

    „Авионот од Сардинија ќе слета на аеродромот ‘Фјумичино‘ во 23:10 часот“, изјави портпаролот на компанијата.

    Таа потоа ќе престане да постои по цели 74 години. Компанијата беше основана во 1947 година и во наредните децении беше бренд со кој се поистоветуваше поствоениот економски подем на Италија.

    Новата државна авиокомпанија „Италија транспорто аерео“ (ИТА) почна да работи денеска. Таа се смета за наследник на „Алиталија“, иако и италијанската влада и Европската комисија сакаат да ја оттргнат од нејзиното проблематично финансиско минато.

    „Алиталија“ немаше остварено годишен профит од 2002 и иако беше приватизирана во 2008, продолжи да прима голема државна помош. Во 2017 прогласи банкрот.

    ИТА, во која владата вложи 1,35 милијарди евра, ќе оперира со 52 авиони и во прв момент ќе лета кон 45 дестинации.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира