АМЕРИКА ПОЧНА ИТНО ДА ГИ ЕВАКУИРА СОРАБОТНИЦИТЕ ОД АВГАНИСТАН ОД СТРАВ ОД ТАЛИБАНСКА ОДМАЗДА

    АМЕРИКА ПОЧНА ИТНО ДА ГИ ЕВАКУИРА СОРАБОТНИЦИТЕ ОД АВГАНИСТАН ОД СТРАВ ОД ТАЛИБАНСКА ОДМАЗДАТалибанците напредуваат многу брзо низ Авганистан, посебно во руралните региони, а власта се мачи да ја задржи контролата врз поголемите градови, откако силите на НАТО се повлекоа од земјата. (Фото: ЕПА)

    Америка почна со воени летови итно да ги евакуира Авганистанците кои соработуваа со американската војска, а кои уште чекаат да добијат виза.

    Десетици илјади Авганистанци чекаат одговор на нивното барање за виза од САД, вклучувајќи околу 18 илјади кои работеле за американската војска или амбасада, а околу 50 илјади членови на нивните семејства имаат право да заминат со нив.

    Минатата недела „Си-Ен-Ен“ објави дека на поранешен преведувач за американската армија му била отсечена глава од страна на талибански борци. Оние кои сè уште се останати во Авганистан велат дека секојдневно добиваат смртни закани и се плашат дека ќе бидат убиени, како што талибанските бунтовници освојуваат сè повеќе територија.

    Талибанците напредуваат многу брзо низ Авганистан, посебно во руралните региони, а власта се мачи да ја задржи контролата врз поголемите градови, откако силите на НАТО се повлекоа од земјата.

    Првиот лет со евакуирани Авганистанци слета во Америка во четвртокот, со околу 200 патници од Кабул. Меѓународниот комитет за спасување (ИРЦ) досега им помогна на над 16 илјади Авганистанци да се најдат сместување во САД, откако тие добија специјална имигрантска виза, но сега ИРЦ првпат делува со имигранти без виза. Тие очекуваат околу 3.000 Авганистанци да пристигнат со овие специјални летови.

    „Не сум видел ништо слично изминатите деценија-две на територијата на САД. Ова е голем чекор во вистинската насока, животите на овие луѓе се загрозени затоа што соработувале со САД“, изјави Џеј Си Хендриксен, директор во ИРЦ.

    Американскиот претседател Џо Бајден вети дека САД нема да ги напушти своите сојузници во Авганистан, како што се случи со брзото повлекување од Виетнам.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира