АМЕРИКАНЕЦ ПРОГЛАСЕН ЗА НЕВИН ОТКАКО ПОМИНА 48 ГОДИНИ ВО ЗАТВОР ЗА УБИСТВО

    АМЕРИКАНЕЦ ПРОГЛАСЕН ЗА НЕВИН ОТКАКО ПОМИНА 48 ГОДИНИ ВО ЗАТВОР ЗА УБИСТВОГлин Симонс имал 22 години кога бил осуден на смрт во 1975, што потоа било променето во доживотен затвор

    Судијка од Оклахома ослободи маж кој бил во затвор речиси половина век за убиство од 1974, што е најдолгата казна отслужена од невин осуденик во САД.

    Седумдесетгодишниот Глин Симонс беше пуштен во јули, кога судија нареди ново судење. Во понеделникот, окружниот јавен обвинител изјави дека нема доволно докази за да се оди на ново судење, по што судијката Ејми Палумбо го прогласи Симонс за невин.

    Овој суд со јасни и убедливи докази утврди дека делото за кое Глин Симонс беше обвинет, осуден и затворен не било извршено од него“, рече таа во пресудата.

    Ова е лекција по издржливост. Не дозволувајте никој да ви каже дека тоа не може да се случи, бидејќи навистина може“, изјави Симонс, кој боледува од рак на црн дроб.

    Симонс помина во затвор 48 години, еден месец и 18 дена за убиството на Керолин Сју Роџерс, кое се случило при грабеж во продавница за алкохол во предградие на Оклахома Сити. Тој имал 22 години кога заедно со Дон Робертс бил обвинет и осуден на смрт во 1975, што потоа било променето во доживотен затвор.

    Симонс тврдел дека во моментот на убиството бил во својот дом во Луизијана. Тој и Робертс биле осудени и поради сведочењето на тинејџер, кој бил застрелан во главата. Тинејџерот покажал и на други мажи при идентификувањето на осомничените во полиција. Робертс бил пуштен на условна слобода во 2008.

    Неправедно осудените луѓе во Оклахома имаат право на надомест од 175.000 долари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира