АМЕРИКАНСКАТА ВЛАДА ПРЕСТАНУВА СО РАБОТА ОТИ СНЕМА ПАРИ

    АМЕРИКАНСКАТА ВЛАДА ПРЕСТАНУВА СО РАБОТА ОТИ СНЕМА ПАРИПретседателот Доналд Трамп веднаш ги обвини демократите: „Вечерва, тие ја ставија политиката над нашите национална безбедност, семејствата на војниците, ранливите деца и способноста на нашата земја да им служи на сите Американци“. (Фото: АП)

    Американската влада престана да работи на полноќ во петок по локално време откако демократите и републиканците, жестоко спротивставени за имиграцијата и безбедноста на границите, не успеаја да се договорат за нејзиното финансирање. Ноќеска, сенаторите не го изгласаа законот да го продолжат финансирањето на владата до 16 февруари.

    За да помине законот беа потребни 60 гласа од вкупно 100, но само 50 го поддржаа.

    Најголем дел од демократите беа против законот затоа што нивните напори да се заштитат стотици илјади млади имигранти, познати како „сонувачи“, беа отфрлени од претседателот Доналд Трамп.

    Преговорите меѓу лидерот на мнозинството, републиканецот Мич Мекконел, и лидерот на демократите Чак Шумер беа неуспешни и американската влада технички остана без пари на полноќ.

    Сè додека двете партии не се договорат за финансирањето, многу федерални агенции низ целата земја нема да можат да работат и стотици илјади федерални работници, кои не се неопходни, ќе одат на привремен неплатен одмор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира