АМЕРИКАНСКАТА ВОЈСКА ИЗГУБИ АВИОН „Ф-35“ И БАРА ПОМОШ ОД ЈАВНОСТА ДА ГО ПРОНАЈДЕ

    АМЕРИКАНСКАТА ВОЈСКА ИЗГУБИ АВИОН „Ф-35“ И БАРА ПОМОШ ОД ЈАВНОСТА ДА ГО ПРОНАЈДЕАвионот исчезна вчера попладне додека летал над Јужна Каролина (Фото: ПА)

    Американската војска побара помош од јавноста во пронаоѓањето на еден од нејзините борбени авиони „Ф-35“ откако пилотот се катапултираше од него. Авионот исчезна вчера попладне додека летал над сојузната држава Јужна Каролина.

    Пилотот безбедно слетал со падобран откако се исфрлил од авионот и се наоѓа во болница во стабилна состојба. Сѐ уште е нејасно што се случило, но официјални лица изјавија дека авионот учествувал во несреќа. Тие кажаа дека потрагата по авионот е фокусирана на две езера северно од градот Чарлстон.

    „Тимови за одговор при итни случаи и натаму се обидуваат да го лоцираат авионот. Ја замолуваме јавноста да соработува со воените и цивилните власти. Сите кои имаат некакви информации нека ни се јават“, објавија од воената база во Чарлстон.

    Од војската кажаа дека засега имаат ограничени информации за несреќата и дека се обидуваат да дознаат повеќе. Вториот авион „Ф-35“ кој летал во исто време безбедно се вратил во базата.

    „Ф-35“ е еден од најнапредните борбени авиони на светот и неговата вредност се проценува на 80 милиони долари. Тоа исто така е најголемата и најскапа програма за оружје од овој тип на светот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира