АМЕРИКАНСКИ БОМБАРДЕР „Б-52“ СЕ УРНА ВО КАЛИФОРНИЈА, ОСУММИНА ЗАГИНАТИ

    АМЕРИКАНСКИ БОМБАРДЕР „Б-52“ СЕ УРНА ВО КАЛИФОРНИЈА, ОСУММИНА ЗАГИНАТИНесреќата се случи додека авионот бил на рутински пробен лет (Фото: АП)

    Осум луѓе загинаа откако бомбардер на американските воздухопловни сили „Б-52“ се урна набргу по полетувањето од воената база „Едвардс“ во јужна Калифорнија. Меѓу загинатите се и двајца вработени во „Боинг“, потврди компанијата.

    Несреќата се случи додека авионот бил на рутински пробен лет. Полковникот Џејмс Хејс изјави дека екипажот бил мешавина од воени лица, владини цивили и владини изведувачи.

    Несреќата се случи во рамките на базата, која привремено ги запре своите копнени операции. Авионот падна веднаш по полетувањето и се запали. Никој не можеше да ја преживее несреќата“, рече Хејс.

    Причината за несреќата не е позната, а Хејс кажа дека целосната истрага би можела да трае повеќе од шест месеци.

    Американската војска ги користи стратешките бомбардери со долг дострел „Б-52“ од 1950-тите. Тие учествуваа и во бомбардирања за време на последната војна на Израел и САД против Иран.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира