АМЕРИКАНСКИ НАУЧНИЦИ ПОЧНАА ВРЗ ЛУЃЕ ДА ТЕСТИРААТ ВАКЦИНА ЗА КОВИД-19

    АМЕРИКАНСКИ НАУЧНИЦИ ПОЧНАА ВРЗ ЛУЃЕ ДА ТЕСТИРААТ ВАКЦИНА ЗА КОВИД-19Во тестирањето ќе учествуваат 45 здрави волонтери (Фото: АП)

    Американски научници денеска почнаа со први тестирања на вакцина против коронавирусот, во што ќе учествуваат 45 здрави волонтери.

    Вакцината што ќе ја примат во истражувачки центар во Сиетл не предизвикува КОВИД-19, туку содржи безопасен генетски код ископиран од вирусот што ја предизвикува болеста. Експертите велат дека ќе бидат потребни неколку месеци пред да се знае дали вакцината, како и други кои се развиваат, ќе функционира.

    Зад истражувањето стои биотехнолошката компанија „Модерна терапеутикс“, која вели дека таа е направена со користење на познат и веќе тестиран процес.

    „Оваа вакцина користи веќе постоечка технологија. Направена е според многу високи стандарди и оние што ќе учествуваат во тестирањето ќе бидат постојано набљудувани“, изјави д-р Џон Трегонинг, експерт за заразни болести од Лондонски кралски колеџ.

    Вакциите за вируси вообичаено се прават од ослабнат или убиен вирус, но вакцината мРНА-1273 не е добиена од вирусот што го предизвикува КОВИД-19. Место тоа, таа вклучува краток сегмент на генетски код ископиран од вирусот, што научниците успеале да го направат во лабораторија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира