АМЕРИКАНСКИ ШПИОНИ И ДИПЛОМАТИ ГИ РАЗОТКРИЈА ОБИДИТЕ НА РУСИЈА ДА ГО ПОТКОПА РЕФЕРЕНДУМОТ ЗА ИМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА, ПИШУВА „ЊУЈОРК ТАЈМС“

    АМЕРИКАНСКИ ШПИОНИ И ДИПЛОМАТИ ГИ РАЗОТКРИЈА ОБИДИТЕ НА РУСИЈА ДА ГО ПОТКОПА РЕФЕРЕНДУМОТ ЗА ИМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА, ПИШУВА „ЊУЈОРК ТАЈМС“Русија го сврте своето внимание кон Македонија, откако на 12 јуни беше потпишан договорот со Грција, што на Македонија треба да ѝ ги отвори вратите кон НАТО и ЕУ. - Од референдумското изјаснување на 30 септември (Фото: К. Попов)

    Грчко-рускиот милијардер Иван Савидис со години беше главниот човек на Кремљ во Грција, но и предмет на интерес на американските шпионски агенции, пишува „Њујорк тајмс“.

    Американски функционери за весникот велат дека во јуни е пресретната комуникација, која открила како Савидис работел за Русија на поткопувањето на договорот помеѓу Скопје и Атина, што на Македонија треба да ѝ ги отвори вратите на евроатлантските интеграции.

    Во знак на одмазда, САД за ова ја известиле владата на грчкиот премиер Алексис Ципрас, која одговори со протерување на двајца руски дипломати од Атина и забрани влез во Грција на уште двајца.

    Иван Савидис, долги години главниот човек на Кремљ во Грција, наводно им исплатил 300.000 евра на учесниците во протестите против референдумот (Фото: Гети)

    Иако референдумот во Македонија помина без исполнет цензус, разоткривањето на Савидис САД имаат сфатено како голема победа во борбата против руските кампањи за ширење дезинформации.

    „Возвративме и покажавме дека и ние можеме да играме остро“, кажа поранешниот амбасадор на САД во Македонија, Кристофер Хил.

    Русија го сврте своето внимание кон Македонија, откако на 12 јуни беше потпишан договорот со Грција, кој предвидуваше новото име на државата да биде Република Северна Македонија. Грција со тоа ќе го тргнеше своето вето и Македонија ќе можеше да влезе во НАТО, но тоа не ѝ беше по ќеф на Русија.

    „Се разбира, нема да фрламе атомски бомби, но некои грешки ќе имаат последици“, се закани рускиот амбасадор во ЕУ, Владимир Чизов.

    Тука на сцената стапил Савидис, за кој американските разузнавачи откриле дека ги плаќал учесниците во протестите кои повикуваа на бојкот на референдумот, па дури и на насилство. За таа цел, наводно биле исплатени 300.000 евра.

    „Ова се лаги и клевети“, објавија претставниците на Савидис.

    Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис пред новинарите во авионот за време на летот до Скопје, според „Вашингтон пост“ изјавил: „Нема сомнение дека Москва финансира проруски групи во Македонија со цел неуспех на референдумот за името на земјата“. – Од заедничката прес-конференција на Матис со Радмила Шекеринска и Зоран Заев на 17 септември (Фото: Ѓ. Личовски)

    Овие информации на Ципрас му ги доставил бившиот амбасадор на САД во Атина, Џефри Пјат, кој успеал да го убеди да дејствува против Русија.

    „Континуираното непочитување на Грција мора да запре. Никој нема право да се меша во нашите внатрешни работи“, објави Министерството за надворешни работи по протерувањето на двајцата грчки дипломати.

    И секретарот за одбрана Џим Матис подоцна потврди дека САД реагирале за да се спречи руското мешање во референдумот, не откривајќи детали.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира