АМЕРИКАНСКИОТ КОНГРЕС ГО УСВОИ ЗАКОНОТ ЗА ЗАБРАНА НА ТИКТОК, НО ТОА НЕМА ДА СЕ СЛУЧИ ТАКА БРЗО

    АМЕРИКАНСКИОТ КОНГРЕС ГО УСВОИ ЗАКОНОТ ЗА ЗАБРАНА НА ТИКТОК, НО ТОА НЕМА ДА СЕ СЛУЧИ ТАКА БРЗОТикТок има 170 милиони корисници во САД (Фото: Гети)

    Американскиот Сенат го изгласа законот кој би можел да доведе до забрана на популарната апликација ТикТок во САД, но тоа сепак нема да се случи така брзо. САД се загрижени дека ТикТок се користи за шпионирање на Американците и дека преку неа се шири пропаганда.

    Според законот, кинескиот сопственик на ТикТик, „Бајтденс“, има рок од девет месеци да го продаде својот удел или апликацијата ќе биде блокирана во САД.

    Бајтденс“ претходно кажа дека ќе се спротивстави на секое принудување за продажба на ТикТок.

    Ова е голема работа. За само неколку недели, законот помина во двата дома на Конгресот, што многу ретко се случува“, изјави Даг Калидас, технолошки експерт од Универзитетот Харвард.

    Ако САД сепак го принудат „Бајтденс“ да ја продаде ТикТок, секој договор ќе мора да биде одобрен и од Кина, која вети дека ќе се бори против тоа. Исто така, „Бајтденс“ би можел да се жали сѐ до Врховниот суд, што би го одложило процесот, па апликацијата би можела да биде блокирана во САД дури за неколку години.

    Малкумина купувачи би можеле да си дозволат да ја купат ТикТок, која има 170 милиони корисници во САД, имајќи предвид дека нејзината вредност се проценува на десетици милијарди долари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира