АМЕРИКАНСКИОТ КОНГРЕС ЌЕ ГЛАСА ЗА ЗАБРАНА НА ТИКТОК, ОД НЕГОВИОТ СОПСТВЕНИК СЕ БАРА ДА ГИ ПРЕКИНЕ ВРСКИТЕ СО КИНА

    АМЕРИКАНСКИОТ КОНГРЕС ЌЕ ГЛАСА ЗА ЗАБРАНА НА ТИКТОК, ОД НЕГОВИОТ СОПСТВЕНИК СЕ БАРА ДА ГИ ПРЕКИНЕ ВРСКИТЕ СО КИНАТикТок моментално има 170 милиони корисници во САД (Фото: Гети)

    Кина предупреди дека предложената забрана на ТикТок ќе им се врати на САД, во пресрет на денешното гласање во Конгресот за забрана на оваа апликација. Предлог-законот за кој ќе се гласа во Претставничкиот дом бара оваа кинеска апликација да ги прекине врските со Кина или ќе стане недостапна во САД.

    Американските функционери долго време изразуваат загриженост за ТикТок, сметајќи дека таа е потенцијално опасна за безбедноста. Сопствениците на ТикТок постојано ги отфрлуваат обвинувањата дека таа претставува ризик.

    Во пресрет на денешното гласање, портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Ванг Венбин ги обвини САД дека го потиснуваат ТикТок, иако никогаш не се најдени докази дека ја загрозува националната безбедност.

    Овој вид на малтретирање што не може да победи во фер конкуренција ги нарушува нормалната деловна активност на компаниите и довербата на меѓународните инвеститори и го оштетува нормалниот меѓународен економски и трговски поредок. На крајот, ова неизбежно ќе им се врати како бумеранг на САД“, изјави Венбин.

    Како и други социјални мрежи, и ТикТок е забранет во Кина, а тамошните корисници имаат слична апликација наречена Дуојин. ТикТок е во сопственост на фирмата „Бајтденс“, која има седиште во Пекинг, но е регистрирана на Кајмански Острови.

    Се очекува законот за забрана на ТикТок да помине во Претставничкиот дом бидејќи има поддршка од двете партии, но неизвесно е дали така ќе биде и во Сенатот. Ако законот помине, од „Бајтденс“ ќе се бара да го продаде ТикТок во рок од шест месеци или нема да може да се користи во САД. ТикТок моментално има 170 милиони корисници во САД.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира