АМЕРИКАНСКИОТ МИЛИЈАРДЕР АЈЗАКМЕН ЈА ИЗВЕДЕ ПРВАТА ПРИВАТНА ВСЕЛЕНСКА ПРОШЕТКА ВО ИСТОРИЈАТА

    АМЕРИКАНСКИОТ МИЛИЈАРДЕР АЈЗАКМЕН ЈА ИЗВЕДЕ ПРВАТА ПРИВАТНА ВСЕЛЕНСКА ПРОШЕТКА ВО ИСТОРИЈАТААјзакмен излезе на прошетка на височина од 700 километри (Фото: СпејсЕкс)

    Американскиот милијардер Џаред Ајзакмен денеска стана првото приватно лице во историјата кое извело вселенска прошетка, два дена откако одлета во вселената со ракетата „Фалкон 9“ на „СпејсЕкс“. Тој во ниеден момент не беше оддалечен од капсулата и по десетина минути се врати внатре, по што на вселенска прошетка излезе инженерката на „СпејсЕкс“, Сара Гилис.

    Прекрасен свет. Долу на Земјата, сите имаме многу работа, но оттука, изгледа како совршен свет“, кажа Ајзакмен додека беше надвор, во моментите кога леталото беше над Австралија и Антарктик.

    Вселенските прошетки се сметаат за најризичниот дел од вселенските летови и досега ги изведуваа само професионалните астронаути, почнувајќи од Советите во 1965 година.

    Покрај Ајзакмен и Гилис, во посадата на ракетата се и уште еден инженер на „СпејсЕкс“ и бивш пилот на американските воздушпни сили. Тие летнаа над Меѓународната вселенска станица, до височина од 1.400 километри и единствено 24-цата астронаути на „Аполо“ имаат отидено подалеку. Откако поминаа десет часа на таа височина, исполнета со екстремна радијација и отпадоци, тие се спуштија на височина од 700 километри, каде што Ајзакмен и Гилис на кратко излегоа од капсулата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира