АМЕРИКАНСКИОТ СЕНАТ ЈА ОДОБРИ ПОМОШТА ОД 95 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ЗА УКРАИНА, ИЗРАЕЛ И ТАЈВАН

    АМЕРИКАНСКИОТ СЕНАТ ЈА ОДОБРИ ПОМОШТА ОД 95 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ЗА УКРАИНА, ИЗРАЕЛ И ТАЈВАНОстанува неизвесно дали законот ќе помине во Претставничкиот дом, каде што му се спротивставуваат тврдокорните републиканци (Фото: АП)

    Американскиот Сенат ја одобри помошта од 95,3 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван по неколку месеци тешки преговори и политички расправии. И додека Демократите го поддржуваа донесувањето на законот, Републиканците беа поделени и претходно гласаа против него.

    Пакетот вклучува 60 милијарди долари за Украина, 14 милијарди за Израел, осум милијарди за Тајван и 9,2 милијарди долари за хуманитарна помош за воени зони, што се однесува и на Газа. Законот го поддржаа и 22-ца републикански сенатори, меѓу кои и лидерот на малцинството Мич Меконел.

    Усвојувањето на законот во Сенатот беше поздравено од Украина, која се соочува со недостиг на муниција на фронтот.

    Сепак, останува неизвесно дали законот ќе помине во Претставничкиот дом, каде што му се спротивставуваат тврдокорните републиканци. Спикерот Мајк Џонсон изјави дека би можеле да поминат месеци пред Конгресот да го испрати законот во Белата куќа, ако воопшто дојде до тоа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира