АМЕРИКАНСКИОТ СЕНАТ ОДОБРИ РЕЗОЛУЦИЈА СО КОЈА СЕ ОГРАНИЧУВА МОЌТА НА ТРАМП ДА ЈА НАПАЃА ВЕНЕЦУЕЛА

    АМЕРИКАНСКИОТ СЕНАТ ОДОБРИ РЕЗОЛУЦИЈА СО КОЈА СЕ ОГРАНИЧУВА МОЌТА НА ТРАМП ДА ЈА НАПАЃА ВЕНЕЦУЕЛАРенд Пол беше еден од петтемина републикански сенатори кои ја поддршаа резолуцијата (Фото: АП)

    Американскиот Сенат усвои резолуција со која му се забранува на Доналд Трамп да презема понатамошни воени дејствија против Венецуела без одобрение од Конгресот. Сите 47-мина демократи и петмина републиканци ја поддржаа процедуралната мерка за усвојување на резолуцијата, со што процесот продолжува. Еден републикански сенатор не гласаше.

    Гласањето се одржа неколку дена откако американските сили го заробија венецуелскиот претседател Николас Мадуро во драматичен воен напад во Каракас. Републиканците претходно блокираа два обида за усвојување слични резолуции во Сенатот минатата година. Разликата се намали при последното гласање во ноември, кога само 51 сенатор беше против.

    По заробувањето на Мадуро, некои конгресмени, вклучувајќи републиканци, ја обвинија администрацијата дека го заведува Конгресот. Апсењето на Мадуро и реториката на Трамп, исто така, предизвикаа загриженост дека тој би можел да започне воена акција за заземање на Гренланд.

    Денешното гласање, кое ја постави основата за понатамошно разгледување во Сенатот, е значајна победа за пратениците кои тврдеа дека Конгресот, а не претседателот, треба да објави војна, како што е наведено во Уставот. Дури и ако помине во Сенатот, резолуцијата мора да помине и во Претставничкиот дом за да стане закон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира