АМЕРИКАНСКИТЕ ПСИХОАНАЛИТИЧАРИ СЕ ИЗВИНИЈА ШТО ХОМОСЕКСУАЛНОСТА ЈА ТРЕТИРАА КАКО БОЛЕСТ

    АМЕРИКАНСКИТЕ ПСИХОАНАЛИТИЧАРИ СЕ ИЗВИНИЈА ШТО ХОМОСЕКСУАЛНОСТА ЈА ТРЕТИРАА КАКО БОЛЕСТПсихијатрите уште во 1973 престанаа да ја класифицираат хомосексуалноста како нарушување, но ова е првпат некој не се извини (Фото: Гети)

    Американската асоцијација на психоаналитичари се извини што во минатото ја третирала хомосексуалноста како ментална болест, додавајќи дека тоа придонесло за дискриминација и за трауми на ЛГБТИ-луѓето.

    Ова е првпат една американска здравствена институција или организација да издаде вакво извинување.

    Иако психијатрите престанаа да ја класифицираат хомосексуалноста како нарушување уште во 1973 година, а психоаналитичарите речиси две децении подоцна, Асоцијацијата вели дека не ѝ е познато дека некоја професионална група досега се извинила.

    „Крајно време е да ги признаеме нашата улога во дискриминирањето и траумите што ги има предизвикано нашата професија и да кажеме ‘Ние се извинуваме‘“, изјави претседателот на Асоцијацијата, д-р Ли Џаф.

    Тој го прочита извинувањето на стартот на нејзината 109. годишна средба во Сан Диего и доби овации од повеќе од 200 присутни.

    „Секогаш е тешко да се признае дека некој грешел. Мислам дека ова беше вистински момент да се направи тоа“, додаде Џаф.

    Токму оваа Асоцијација стана еден од првите поддржувачи на истополови бракови и се противеше на контроверзната „конверзивна терапија“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира