АМЕРИКАНСКИТЕ САНКЦИИ ЌЕ БИДАТ НЕПРОДУКТИВНИ, НАШИТЕ ВОЕНИ ЦЕЛИ ОСТАНУВААТ НЕПРОМЕНЕТИ, КАЖА РУСИЈА

    АМЕРИКАНСКИТЕ САНКЦИИ ЌЕ БИДАТ НЕПРОДУКТИВНИ, НАШИТЕ ВОЕНИ ЦЕЛИ ОСТАНУВААТ НЕПРОМЕНЕТИ, КАЖА РУСИЈАПриходите од нафта и гас се најважниот извор на пари за нејзината војна во Украина (Фото: АП)

    Русија кажа дека американските санкции за нафтените компании „Роснефт“ и „Лукоил“ ќе бидат непродуктивни и порача дека нејзините цели за завршување на војната во Украина остануваат непроменети.

    Владимир Путин изјави дека новите американски санкции се обид за притисок врз Русија, но тие нема да влијаат на руската економија, објави државната новинска агенција РИА. Тој рече дека одговорот на Москва на нападите длабоко во Русија ќе биде огромен и многу сериозен, додавајќи дека Русија никогаш нема да потклекне на притисокот од странство.

    Доналд Трамп направи радикален пресврт во својата политика и воведе санкции за двете компании кои придонесуваат со повеќе од 5% во светското производство на нафта, сметајќи дека така ќе ја натера Русија да преговара.

    Секој пат кога зборам со Путин имаме добар разговор и потоа тоа не води никаде. Тоа едноставно не води никаде“, рече Доналд Трамп по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

    Володимир Зеленски кажа дека Украина долго го чекала ова.

    Конечно, ова е многу важно и ќе делува. Ова е добар сигнал за другите земји да се придружат кон санкциите“, рече тој.

    Приходите од нафта и гас, кои моментално се намалени за 21% на годишно ниво, сочинуваат околу една четвртина од буџетот на Русија и се најважниот извор на пари за нејзината војна во Украина. Сепак, главниот извор на приходи на Москва доаѓа од оданочувањето на производството, а не од извозот, што веројатно ќе го ублажи непосредното влијание на санкциите врз државните финансии.

    Марија Захарова, портпаролката на руското министерство за надворешни работи, го отфрли веројатното влијание, велејќи дека Москва развила „силен имунитет“ на ваквите ограничувања.

    Истовремено реагираше и Европската Унија, која воведе нови санкции за руската флота танкери во сенка и го забрани увозот на течниот природен гас од Русија до 2028. Бројот на бродовите на кои им е забранет влез во европските пристаништа сега е зголемен на 557.

    Се очекува Брисел денеска да донесе уште порадикална мерка и да го обезбеди финансирањето на Украина во наредните две години со користењето на замрзнатите руски средства, кои изнесуваат 140 милијарди евра, иако Белгија засега се противи на ова.

    Москва се закани со „болен одговор“ ако нејзините средства бидат запленети.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира