АМЕРИКАНСКИТЕ СИЛИ СЕ ПОВЛЕКУВААТ ОД СИРИСКАТА ГРАНИЦА СО ТУРЦИЈА ВО ПРЕСРЕТ НА ТУРСКАТА ОФАНЗИВА ПРОТИВ КУРДИТЕ

    АМЕРИКАНСКИТЕ СИЛИ СЕ ПОВЛЕКУВААТ ОД СИРИСКАТА ГРАНИЦА СО ТУРЦИЈА ВО ПРЕСРЕТ НА ТУРСКАТА ОФАНЗИВА ПРОТИВ КУРДИТЕАгенцијата АНХА објави снимки од конвој американски воени возила како се движи по главен пат во североисточна Сирија (Фото: АП)

    Американските сили почнале да се повлекуваат од своите позиции долж границата во североисточна Сирија, во пресрет на најавената турска офанзива против тамошните курдски милиции.

    Ова го објавија курдските сили кои велат дека турската инвазија, за која Белата куќа дала зелено светло, ќе ги поништи сите постигнувања од петгодишната борба против Исламска држава.

    „Американските сили не се придржуваа кон нивните обврски и се повлекоа од границата со Турција. Таа сега подготвува инвазија на северните и источните делови на Сирија и тоа ќе има големо негативно влијание врз нашата војна против Исламска држава“, соопштија Сириските демократски сили.

    Белата куќа засега не се изјаснила за информациите за повлекувањето, кое пак беше потврдено од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој објави видео од конвој со американски вооружени возила како наводно се движи кон пограничната област Тал Абјад.

    Ова е голем пресврт во политиката на Белата куќа, имајќи предвид дека сириските Курди беа главни сојузници на САД во борбите кои доведоа до пораз на Исламска држава.

    Ердоган не ги изнесе деталите за воената офанзива што ја најавува веќе неколку месеци. Тој смета дека курдските борци претставуват закана за неговата земја и затоа планира да ги избрка подалеку од границата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира