Федералната агенција за авијација на САД (ФАА) ја приземји ракетата „Фалкон“ на „СпејсЕкс“ откако таа не успеа да слета назад на Земјата за време на рутинска мисија со сателитите „Старлинк“.
„Фалкон 9“ успешно лансираше серија интернет сателити во орбитата вчера рано наутро од Флорида. Засилувачот на ракетата, кој може да се користи повторно, се врати на Земјата и се обиде да слета на платформа во море како и обично, но потоа падна во океанот и експлодираше, покажа преносот во живо на „СпејсЕкс“.
„Засилувачот на ракетата ‘Фалкон 9‘ имаше неуспешно слетување на беспилотно пловило во море. Не се пријавени повреди или материјални штети на јавни добра. ФАА ќе покрене истрага“, изјави портпаролот на агенцијата.
Приземјувањето на оваа ракета е ретко, Ова последен пат се случи во јули оваа година, што беше за првпат од 2016.
Иако луѓе и сателити не биле загрозени при вчерашниот лет, неуспешното слетување навестува дека има некаков проблем со ракетата и ФАА верува дека тоа може да претставува поголем ризик при следните мисии ако не се истражи.
По приземјувањето во јули, „СпејсЕкс“ ги обнови летовите на „Фалкон 9“ по 15 дена.